ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети: Македонците можат да просперираат само во хармоија со Албанците

Ахмети: Македонците можат да просперираат само во хармоија со Албанците

Македонците можат да постојат само ако се во добри односи со Албанците, во спротивно им е судено да не постојат, кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети на Академијата организирана од Европскиот фронт по повод одбележувањето на 23-годишнината од Охридскиот договор. Ахмети, го проблематизираше легитимитетот на новата влада, а за премиерот рече дека се однесувал како ага.

Advertisements

„Со бакнувачи на раце не стануваме аргати на никого. Дури и ако некој мисли дека дека е ага во оваа земја и дека ги има измеќарите. Оваа земја се движи напред со добри меѓуетнички односи, пред се меѓу двете најголеми заедници, Албанците и Македонците. Македонците, како нација, можат да просперираат само ако се во добра комуникација и хармонија и во односи со Албанците. Во спротивно, ги голтаат Србите, Бугарите и Грците. И тоа не го велам тука, тоа им го кажав на сите политички претставници на македонската заедница. Само со нас, со соработка, со соживот, можат да ја зачуваат својата историја, својот национален идентитет. Во спротивно, тие се предодредени воопшто да не постојат“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Претседателот на Алијансата за Албанците рече дека сите сегменти од Охридскиот договор ќе бидат регулирани со закон.

„Дури и фер и адекватната застапеност со цел да се спречи играта со балансерот, според каприците и потребите на Христијан Мицкоски или Стоилковиќ. Со цел да се онеспособат слугите кои се подготвени да им служат на сите, само не на гласачите и граѓаните од кои го добиле гласот. Така што, еднаш засекогаш, легитимитетот е загарантиран со цел да се почитува она за што се прават договори, а тоа се граѓаните, етничките заедници и тоа е иднината на Северна Македонија во овој случај ”, нагласи Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците.

Академијата за Денот на Охридскиот договор од страна на владините претставници беше оценета како приватна журка, бидејќи за оваа пригода Владата организираше официјално одбележување од институциите./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button