ВЕСТИЗДРАВСТВО

Босилек: кралска билка за добро здравје


Нежните, зелени и миризливи листови на босилекот се користат како лек насекаде во светот. Името на оваа лековита билка потекнува од грчкиот збор „ basilikon photon“, што во превод значи „кралска билка“.

Во Италија босилекот е симбол на љубовта, Египќаните го нуделе пред олтарот, а се користи и во католичката и православна црква.

Листовите од босилекот се користат како лек против инфлација, за зајакнување на стомакот, невроза, ментални нарушувања и несоница.

Чудесната билка помага против заболувања на црниот дроб, воспаление на цревата, труење на желудникот и цревата, грчеви во стомакот и повраќање.
Босилекот е корисен и за белодробни болести, особено во почетна состојба на белодробната туберкулоза. Успешно се применува и како третман на многу болести на уринарниот тракт, воспаление на бубрезите или болно мокрење.
Чајот од босилек ја зголемува количината на млеко кај доилките, а сок исцеден од свежите лисја на босилекот лекува инфекција во увото.

Семето од босилек, и земјата каде што е засадено се користи за болести на уринарните органи. Доволно е да земете малку од семето со децилитар млака вода, два до три пати на ден.

Чај од босилек
Лажица мелени, суви листови од босилек, ставете во 2,5 децилитри топла вода. Оставете го садот покриен 15 минути, а потоа исцедете. Чајот треба да се консумира незасладен, два до три пати на ден по една чаша. Може да засладите со мед, но само за болести на белите дробови или кашлица.

Против високи температури
При висока температура докторите препорачуваат на еден час по една лажица студен чај од босилек. Тоа ќе го освежи болниот и ќе ја намали температурата.

За мирен сон
Лажица свеж босилек се вари 10 минути во 2 и пол децилитри вода. Се остава да стои 10 минути. Потоа чајот се цеди и се пијат мали голтки, незасладен пред спиење.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button