СПОРТФУДБАЛ

Нов договор за Николас Џексон, Челзи сака да го обврзе на долг рок

Челси има желба да му понуди нов договор на напаѓачот Николас Џексон. Клубот е задоволен од 23-годишниот сенегалец и сака да го обврзе на долг рок, пишуваат медиумите на Островот.

Advertisements

Пред неколку дена „сините“ веќе го продолжија договорот на Кол Палмер и сега планираат да го направат истото и со уште еден играч во офанзивната линија.

Џексон пристигна на „Стемфорд Бриџ“ минатото лето од Вилјареал за 37 милиони евра. Иако на почетокот имаше некои потешкотии со адаптацијата, постепено успеа да ги покаже своите квалитети и ја заврши сезоната со 17 голови и шест асистенции во 44 одиграни натпревари.

Клубот е задоволен од напаѓачот и го гледа како играч кој ќе го води нападот на тимот долги години. Токму поради тоа се подготвени да му понудат нов договор. Неговиот сегашен договор е до 2031 година, но лондончани сакаат да го продолжат за уште две години, до 2033 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button