ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Волонтери: 11 дена бараме хеликоптери за пожарот на Галичица

Волентери кои доброволно, 11 дена го гаснат пожарот кој беснее во Националниот парк Галичица кај Охрид велат дека нивните повици до надлежните изминатите денови за помош и за гаснење на пожарот од воздух останале без резултат. Ромео Ристески е меѓу доброволците кои 11 дена е на Галичица. Поради тешко проодниот пат тие со коњи носеле вода.

Advertisements

„Кога би имале воздушна подршка би го изгаснале за многу бргу. Нема каде што нема пожар. На албанска страна имаше повеќе, но вчера нивни авиони доста санираа и останавме сега ние. Цело време чекавме подршка од воздух, авиони. Во мирување го ставивме пожарот, но никој не не подржа и пожарот зема свој замав и денес слегува накај Љубаништа“, рече Ристески.

Во гаснењето на огнот изминативе денови се вклучиле и камперите од Љубаништа кои исто така велат дека апелирале да пристигнат авиони но не бил испратен ниту еден.

„Ние уште вчера се обидвме да гаснеме, на едната страна каде гореше ниско стеблеста трева. Неја ја саниравме. Ни се јавија дека ќе дојдат авиони. И ние застанавме и чекавме осум часа, но не дојде ништо.И потоа тој пожар се прошири кон ниско стеблестата шума. И сега пожарот е раширен. Навечер кога ќе е поладно цел чад се спушта долу и луѓето го напуштаат кампот.Цела планина е изгорена“, вели еден жител на село Љубаништа.

Во текот на ноќта, граѓаните доброволно се организираа преку социјалните мрежи, а преку смс пораки се повикуваа доброволци кои ќе учествуваат во неговото гаснење.

„Денес имаме бројка од 120 луѓе.Во текот на денешниот ден е осигурана источната страна долж Преспанското езеро, каде пожарот ги зафати дабот и буката. Се прават појаси со машини, а 40 луѓе се на позиција од раните утрински часови“, рече Ѓуро Јовчески, вработен во Национален парк Галичица.

Пожарот сѐ уште гори.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button