СВЕТ

Венс и Валц се договорија за дебата на први октомври

Кандидатите за потпретседател на САД, гувернерот на Минесота Тим Валц и сенаторот од Охајо Џеј Ди Венс се согласија да се соочат во дебатата за 1 октомври, кога веќе ќе започне предвременото гласање во некои сојузни држави.

Advertisements

Демократскиот претседателски кандидат и потпретседателката на САД Камала Харис предвиде дека ќе биде закажана и втора дебата меѓу Доналд Трамп и неа, иако се чини дека дуелот зависи од тоа дали кандидатот на Републиканската партија ќе учествува на веќе закажаната дебата на 10 септември со Харис.

Телевизијата CBS News на платфoрмата X објави дека ги поканила Венс и Волц на дебата во Њујорк, презентирајќи четири можни датуми: 17 септември, 24 септември, 1 октомври и 8 октомври, како опции.

Вaлц одговори: „Се гледаме на 1-ви октомври, Џеј-Ди“.

Тимот од кампањата на Харис-Валц потоа испрати своја белешка во која се вели дека Валц „со нетрпение очекува дебата со Џеј-Ди Венс, ако се појави“.

Венс објави дека ја прифатил поканата на 1 октомври и го предизвика Валц на дуел на 18 септември.

Дебатата меѓу претседателските кандидати Харис и Трамп е закажана за 10 септември на ABC News.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button