ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пошта доби нов директор и Управен одбор

Државното акционерско друштво Пошта доби нов директор.
Станува збор за Орхан Куртиши од Куманово, кадар на Алтернатива, која е дел од владејачката коалиција “Вреди“.
Тој доаѓа на местото на Идри Истрефи. Заменик ќе му биде Николчо Угринов од Струмица.
Освен Куртиши и Угринов за нови членови на Управниот одбор на Пошта се избрани и Даница Јованова, Хатије Етеми, Агим Бафтија, Бојан Кереместевски и Дејан Николовски.