
„Особена чест ми е да ви кажам дека по 2009 година, само во 2014 година имало еден лек, но сега се проширува позитивната листа со 9 нови лека, кои се речиси неизбежни за повеќето болести во државата, вели министерот за здравство, Арбен Таравари, при денешната посета на ЈЗУ УК Дигестивна хирургија – Скопје.
Министерот Таравари посочи дека ќе ја потпише одлуката денеска за проширување на позитивната одлука.
Така што ќе имаме нови антихипертензиви, нови антикоагуланси, нови антидепресиви. Јас денеска, штом се вратам од тука, ќе ја потпишам бидејќи во Управниот одбор на ФЗО вчера е поминато по наш предлог на Министерството за здравство. И ова е вест што вреди да се прошири и каже, а ние ќе продолжиме така, рече министерот и додаде дека за 6 месеци, повторно ќе се разгледаат можностите за ново проширување на позитивната листа за да им се олесни на пациентите.
По 6 месеци, планираме да ја прошириме плус листата со уште неколку лека, меѓутоа ќе треба со директорот на Фондот да седнеме, да видиме кои се можностите уште неколку лека да бидат на позитивна листа и да им олесниме на главните во нашиот ресор, а тоа се пациентите, сите сме потенцијални пациенти“.