ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Игрите на среќа, започнува нивното намалување

Игрите на среќа, започнува нивното намалување

Почнувајќи од денес, компаниите кои нелегално добиле лиценци од претходната влада за онлајн коцкање се во процес на затворање, вели првиот вицепремиер Изет Меџити.. Акцијата доаѓа по автентичното толкување на член од законот за коцкање.

Advertisements

„Имајќи предвид дека сите компании кои во времето на Артан Груби и Перпарим Бајрами учествувале на јавни повици и биле избрани да организираат онлајн коцкање немаат лиценци, тоа значи дека веднаш и без одлагање ќе го отстраниме коцкањето како општествено зло, од домовите на нашите граѓани. Другата точка од планот за справување со штетните последици од коцкањето е иницирање на соодветни судски постапки за потврдување на злоупотребата на службената положба и овластување од страна на сите оние кои донеле незаконски одлуки за организирање на различни видови коцкање“, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.

Меџити додава дека засега се подготвува комплетно нов закон за игри на среќа.
Пред три дена пратениците со автентично толкување на законот за игир на среќа во Собранието го дефинираа правото за доделување лиценца за организирање на игри на среќа./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button