СПОРТФУДБАЛ

Осимен на позајмица на „Стемфорд Бриџ“ за 15 милиони евра?!

Англискиот премиерлигаш Челси остана единствениот сериозно заинтересиран клуб за ангажман на нигерискиот напаѓач од Наполи, Виктор Осимен. Раководството на „наполитанците“ остана на цврстиот став дека секој заинтересиран клуб ќе мора да ја плати отштетната клаузула вредна 130 милиони евра, па поради тоа од трката се повлече Пари Сен Жермен.

Advertisements

Челси исто така не е расположен да го плати комплетниот трансфер, но би го довел Осимен на позајмица на „Стемфорд бриџ“ за 15 милиони евра, со опција за откуп на неговиот договор следното лето.

Во спротивен правец треба да замине и Ромелу Лукаку, кој тренира со Б-тимот на Челси и чека разврска за да се пресели во Наполи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button