ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На температури над 40 Целзиусови степени граѓаните долго ги чекаат градските автобусите

На температури над 40 Целзиусови степени граѓаните долго ги чекаат градските автобусите

Долгото чекање на автобуси на екстремно високи температури продолжува да им го отежнува животот на скопјани. Таблата на која пишува дека автобусот треба да дојде за неколку минути не е точен. Граѓаните велат дека само трошат струја бидејќи информациите што се напишани таму воопшто не се совпаѓаат со автобусите кои доцнат со часови. Покрај табелите, распоредот на веб-страницата на ЈСП воопшто не одговара на реалноста.

Advertisements

Според нашите информации, автобусите на приватните линии веќе неколку дена целосно престанале да возат поради долгот што ЈСП го има кон нив, а кој според приватните возачи надминува два милиони евра. Иако беше најавено дека ќе има средба на новиот директор на ЈСП и приватните возачи со цел да се најде решение, оваа средба се уште не е реализирана./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button