СПОРТФУДБАЛ

Видео/ Тежок инцидент во Турција, нападнат е претседателот на Фенербахче

Фенербахче одигра 2-2 на гостувањето кај Гезтепе во второто коло од турското првенство. Тимот на Жозе Мурињо имаше два гола предност до полувремето, но домаќините успеаја да израмнат со гол во 95. минута и да извлечат бод.

Advertisements

Меѓутоа, натпреварот привлече внимание поради голем инцидент по завршувањето на мечот, откако претседателот на Фенербахче, Али Коч, беше нападнат. Тој беше физички нападнат на теренот, додека од трибините беа фрлани разни предмети.

Напаѓачот, кој имал акредитација како службено лице, беше брзо пронајден и уапсен, а на Коч му беше укажана итна медицинска помош.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button