
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска (18 август) пристигна во Израел во обид да го засили дипломатскиот притисок за постигнување на договор за прекин на огнот во Појасот Газа.
Претходно, портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател изјави дека Блинкен ќе ги продолжи интензивните дипломатски напори за да се избегне ескалација во регионот или какви било други дејства што би можеле да го поткопаат финализирањето на договорот.
Тоа е деветта посета на Блинкен на Израел од 7 октомври кога почна војната помеѓу Израел и Хамас, која според САД и ЕУ е прогласена за терористичка организација.
Предвидено е Блинкен утре да се сретне со израелскиот премиер и претседател Бенјамин Нетанјаху и Ицак Херцог, како и со министерот за одбрана Јоав Галант.