ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ бара: Ако постојат, МВР да ги покаже патните налози од одењето на Гаши по невеста во Косово

Опозицискиот СДСМ, оценувајќи го како уште еден во низата скандали на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“, денеска побара одговори од Министерството за внатрешни работи (МВР) и од Собранието за патувањето на спикерот Африм Гаши во Косово со конвој службени автомобили заради, според информациите, приватни причини.

Според СДСМ, вчерашните неуспешни обиди да се заташка веста нема да поминат и затоа, како што велат, бараат од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Собранието да одговараат на низа прашања што ѝ ги должат на јавноста, меѓу другото, и за тоа дали Гаши имал патен налог и документација со себе „за одење по невеста“ во Косово.

Advertisements

Најновото самоволие на претседателот на Собранието, како што кажа портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција, потврдува дека коалициските партнери во власта не само што немаат намера да престанат со кршење на правилата, туку тоа го прават без да се грижат што мисли јавноста и граѓаните.

„Тошковски и МВР треба во најкус рок да одговорат, дали имал Гаши патен налог и документација со себе за ова одење по невеста? По која основа бил даден налогот и на колку денови? Бараме налозите, се разбира ако постојат, да се објават во јавноста. Граѓаните веќе не им веруваат на зборовите на Тошковски и МВР, потребни се докази“, рече на Кузеска на прес-конференцијата.

Од името на партијата, таа упати прашања и до, како што кажа, скандал-мајсторот Гаши, да одговори дали е етички со службено возило да оди по невеста во Косово и дали знае дека тој може да патува и со приватно возило и покрај тоа што неговото обезбедување може да користи службени возила.

„Дали знае дека е понижување за државата, вториот човек по ранг да оди по свадби и по невести со службено возило во соседни држави? Свесен ли е Гаши воопшто за важноста и достоинството кое треба да го носи позицијата претседател на Собрание или го смета тоа за приватна своина?“, рече Кузеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button