ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И денеска партиите со меѓусебни обвинувања за бегството на Рамадани

И денеска партиите со меѓусебни обвинувања за бегството на Рамадани

Тричлената комисија на Судскиот совет се уште не поднесе извештај за состојбата затекната во Кривичниот суд Скопје за евентуалната одговорност на судијата Пајазит Пајазити, за случајот со бегството на Блерим Рамадани. Од Советот, за Алсат, кусо потенцираа дека интензивно се работи на констатирање на состојбата и наскоро ќе излезат со извештај.
Во меѓувреме продолжуваат судирите меѓу партиите. ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повтори барањето за разрешување на судијата Пајазити, кој ефективниот притвор на Рамадани го замени со домашен притвор.

Advertisements

Опозициската СДСМ бара одговорност од министерот за внатрешни работи, притоа обвинувајќи ја ВМРО дека бега од одговорност

„ВМРО-ДПМНЕ наместо да се обидува да избега од одговорност, што поскоро да го разреши министерот Тошковски од МВР, бидејќи одговорноста за бегството е негова. Во најкус можен рок бараме МВР да излезе со извештај како дозволило Рамадани да избега за толку кратко време, без да биде соодветно обезбеден“, велат од СДСМ.

Од коалицијата ВЛЕН немаат став за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на Пајазити.
Поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани беше уапсен на 17 јули на граничниот премин во Јажинце, со потерница распишана од Србија. Две недели остана во притвор во Шутка, а потоа мерката притвор му беше заменета со куќен притвор. По претставката на Обвинителството, постапи Кривичниот совет од тројца судии, кои на 14 август го укинаа решението на Пајазити и го вратија решението Рамадани да се врати во ефективен притвор. Меѓутоа, истиот ден Рамадани избега./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button