
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Израел го прифатил американскиот предлог за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и го повика Хамас да го стори истото, велејќи дека разговорите можеби се „последна шанса“ за прекин на огнот. САД и ЕУ ја прогласија Хамас за терористичка организација.
Разговорите во Катар за договорот за прекин на огнот и враќање на заложниците беа прекинати минатата недела, откако не беше постигнат напредок, но се очекува да продолжат оваа недела по предлогот на САД да се премости јазот меѓу Израел и Хамас.
Блинкен, за време на неговата деветта посета на Блискиот Исток по избувнувањето на војната со нападот на Хамас врз јужен Израел, рече дека имал „многу конструктивна средба“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој „му потврдил дека Израел го прифаќа предлогот. ”
„Тој го поддржува планот. Сега е одговорност на Хамас да го стори истото“, изјави Блинкен за новинарите во Тел Авив.