СПОРТ

Лина Ѓорческа елиминирана во првото квалификациско коло на УС Опен

Најдобрата тенисерка oд Македонија, Лина Ѓорческа загуби во првото квалификациско коло на УС Опен од Јулија Риера од Аргентина со 2-0 во сетови 7-6(4) и 6-3.

Advertisements

Лина одлично го почна мечот со извонредна шанса да го освои првиот сет. Имаше предност од 3-0, беше и 4-1 за македонската тенисерка, но потоа следуваше пад во играта. Риера направи серија од 5-1 и поведе со 6-5. Следниот гем го доби Ѓорческа, по што сетот се решаваше во тајбрејк. Во тајбрејкот аргентинката беше подобра со 7-4.

Во вториот сет беше нерешено со до 3-3, но во осмиот гем Риера направи брејк по што го приведе мечот кон победа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button