
Bо просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа извлечени двојките за првата рунда од Купот на Македонија.
На денешната ждрепка се одредени паровите за 1/16 финалето, кои ќе се одиграат на 18 септември во 15:00 часот. Ждрепката сакаше да ги одреди овие 15 парови, а слободен во првата рунда е тимот на Тиквеш, кој својата авантура ќе ја започне во осминафиналето.
Парови за 1/16 финалето од Купот на Македонија:
Победа – Гостивар
Џепчиште – Шкупи
Кожуф – Арсими
Вардар Неготино – Брера Струмица
Јени Маале – Шкендија
Беласица – Македонија ЃП
Слободен – Брегалница
Башкими – Воска Спорт
Охрид Лихнидос – Беса 1976
Шкендија Арачиново – Работнички
Карбинци – Силекс
Борец – Детонит Плачковица
Слога Виница – Струга Трим Љум
Скопје – Пелистер
Новаци – Вардар
Актуелен освојувач на Купот е екипата на Тиквеш од Кавадарци, која минатата година стигна до првиот историски трофеј во своите витрини.