
Третото коло од Првата Лига повторно ни носи меч кој ќе се одигра во вечерниот термин од 20:00 часот. Минатото коло тоа беше вечното дерби помеѓу Вардар и Пелистер, а сега во истиот термин Брера Струмица на домашен терен ќе ја пречека екипата на Шкендија.
Тимот на Бојан Круљ ќе мора да прикаже многу подобро издание после огромниот пораз кај Силекс со 4-0, додека Шкендија ќе пристигне по ремито со Работнички и сигурно ќе сака да атакува на трите бода. Сите останати натпревари ќе се одиграат во 16:00 часот.
Tретото коло го сочинуваат следниве парови:
Беса 1976 – Тиквеш
Пелистер – Силекс
Работнички – Струга ТЉ
Шкупи – Вардар
Воска Спорт – Гостивар
Во моментов лидер на табелата е актуелниот шампион, Струга Трим Љум, која е единствена со две победи и максимални шест бода на табелата во ПМФЛ.