СДСМ го обвинува Гаши и за други прекршоци при неговото патување со службени автомобили на свадба во Косово
СДСМ го обвинува Гаши и за други прекршоци при неговото патување со службени автомобили на свадба во Косово

СДСМ денеска објави нови детали околу сватовската свита на Африм Гаши. Имено, во возилата каде се што се возело обезбедувањето на Гаши, имало и дел од сватовите односно приватни лица што е законски недозволено. Според СДСМ, ова е газење на законите, институциите и достоинството на државата.
Од партијата на Филипче бараат одговорност и од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за овој случај.
На нивните обвинувања реагираше коалицијата ВЛЕН. Според нив, СДСМ гневот за изборниот резултат го насочува на погрешна адреса и се сеќаваат на претходните скандали поврзани со лидерите и функционерите на СДСМ.
„Пред да одржат прес конференција чија цел е да го оттргнат вниманието од нивните внатрепартиски проблеми, ги повикуваме СДСМ да одговорат: Зошто не реагираа на ист начин кога Зоран Заев и Венко Филипче се возеле со мотори надвор од границите на Македонија, придружувани од државно обезбедување, дали тоа тогаш било етичко и според безбедносните протоколи или скандалозно однесување, како што тврдат сега“, велат од ВЛЕН.
Од кабинетот на Гаши не ја демантираат снимката, но велат дека при ова патување на Гаши со семејството биле испочитувани сите процедури./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши