ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска го впери прстот кон советниците на ВМРО, како виновни за целата ситуација

Арсовска го впери прстот кон советниците на ВМРО, како виновни за целата ситуација

Скопјани до четврток ќе треба да чекаат одговор дали ќе се понуди конкретно решение за надминување на кризата со Јавното сообраќајно претпријатие и комунална хигиена во Скопје . Градоначалничката на Град Скопје, која со месеци ја избегнуваше јавноста, денеска се појави пред медиумите за да го впери прстот кон советниците од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, како виновни за целата ситуација. Арсовска обвини дека програмата зад која застанала и ВМРО – ДПМНЕ не може да ја спроведе поради опструкции.

Advertisements

Решение на повидок засега нема а не се знае ниту како ќе функционираат ЈСП и „Комунална хигиена“ кои се пред колапс. Град Скопје не може ништо да исполни додека 45 советници не престанат да ги блокираат програмите што го прават со години. Владата треба да си го подмири долгот од 8 милиони евра кон ЈСП“, децидна е скопската градоначалничка.

Тврди дека беспотребно ја напаѓаат и бараат оставка и одговорност од неа, кога вината лежи на друго место. Порача дека сè зависи од одлуките на Советот на Град Скопје и дека таа законите не може да ги крши./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button