ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицковски не се откажува од идејата за распуштање на Судскиот и на Советот на јавни обвинители

Мицковски не се откажува од идејата за распуштање на Судскиот и на Советот на јавни обвинители

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се потребни коренити реформи во судството, бидејќи според сите мерења довербата на граѓаните е на многу ниско ниво. По средбата со претставниците на Судскиот совет, која според него е направена на нивно барање, тој рече дека не се откажува од идејата за распуштање на Судскиот и на советот на јавни обвинители , туку дека чекорите за реформи ќе се преземат по прибирање на идеи и предлози. Мицкоски рече дека недостатокот на владеење на правото е и безбедносен проблем.

Advertisements

Во меѓувреме, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева рече дека на средбата дала конструктивни предлози за враќање на довербата во судството, но не прецизираше за што станува збор.
Весна Дамева, претседателКА на судскиот совет

Причините за оваа средба следи по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба на граѓаните во правосудните органи и отворениот повик на Владата за предлози за реформи во Судскиот совет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button