ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР во потрага по третиот осомничен за убиството кај „Мавровка“, претресени локации, најдени се докази

МВР во потрага по третиот осомничен за убиството кај „Мавровка“, претресени локации, најдени се докази

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на целиот ден се преземаат мерки и активности за расчистување на убиството, кое денеска беше извршено на паркингот пред „Мавровка“, а ќе продолжуваат и во текот на вечерта.

Веднаш по добиената пријава за пукање во близина на трговскиот центар, при што бил застрелан В.Е.(59), кој починал на местото на настанот, веднаш се преземени низа оперативно тактички мерки и активности од страна на полицијата за пронаоѓање и приведување на сторителите, велат од МВР.

Advertisements

За таа цел, извршени се претреси и прегледи на повеќе локации и возила, а беа ангажирани и полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, хеликоптери и дронови.

„Приведени се две лица за кои постојат основи на сомнение дека се сторители на убиството, и ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка по целосно расчистување и документирање на случајот“, велат од МВР.

Од тука известуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање и на третото осомничено лице односно целосно расчистување на случајот во координација со ОЈО Скопје.

Во текот на денот од страна на СВР Скопје по издадени наредби од страна на судија на претходна постапка извршени се претреси на четири локации за кои постојат индиции дека престојувале лицата инволвирани во кривичното дело. При преземањето на мерките и активностите пронајдени се доволен број на материјални докази. СВР Скопје и вечерва спроведува низа на оперативно тактички мерки со цел лишување од слобода на третото осомничено лице. По целосното расчистување на случајот, МВР соодветно ќе ја информира јавноста.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button