ВЕСТИСВЕТ

Кенеди помладиот размислува да се откаже од својата кандидатура и да го поддржи Трамп

Независниот кандидат на претстојните претседателски избори во САД, Роберт Ф. Кенеди помладиот размислува да ја прекине својата предизборна кампања за да се вклучи во кампањата на кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, изјави денеска кандидатката за потпретседател на Кенеди, Никол Шахан.

Advertisements

Шаханан рече дека таа и Кенеди, како независни кандидати, ризикуваат да добијат гласови од потенцијалните гласачи на Трамп, што ќе доведе до, како што наведе, потрошени гласови и „го трасира патот до победата“ на кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, пренесува Ројтерс.

„Можеме и веднаш да се откажеме и да ги здружиме силите со Доналд Трамп“, рече таа, но не прецизираше кога Кенеди и таа ќе ja донесат конечната одлука.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button