Таравари: Димитриевски сака да поентира за да добие политичка поддршка

Министерот за здравство Арбен Таравари изјавата на коалицискиот партнер – претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски – во која тој рече дека е погрешно „Вреди“ да ја имитира ДУИ, ја нарече обид за поентирање за да се добие политичка поддршка.
На изјавата на Таравари му претходеше партиското соопштение од коалицијата „Вреди“ во кое се вели дека дека тезата што лидерот на ЗНАМ ја соопшти во однос на тоа дека коалициски партнер на ЗНАМ е само ВМРО-ДПМНЕ е популизам и оти гласовите што коалицијата ги добила од граѓаните на минатите избори не можат да се обезличуваат.
„Не ми се допаѓа нивото на кое комуницира г. Димитриевски и не би сакал да дискутирам околу тоа. Го потсетувам дека пред три години беше избран со огромен број албански гласови, следната година доаѓаат нови локални избори, па најверојатно повторно ќе му требаат тие гласачи“, рече Таравари.