ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лажна вест за бесплатна карта за автобус се шири на Фејсбук

Новоформирана страница на Фејсбук, наречена „Транспортна карта на град Скопје“ на граѓаните им нуди можност до крајот на месецов да си купат картичка „скопска“ и за тоа да добијат бесплатен превоз една година. Дека станува збор за измама или за невкусна шега е повеќе од јасно, а тоа го потврдија и од ЈСП „Скопје“.

Advertisements

„ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е ФАЛСИФИКУВАНО логото на електронската картичка Скопска објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје, која не е поврзана со ЈСП Скопје. Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните.

Јавно сообраќајно претпријатие Скопје ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП“, наведуваат од ЈСП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button