ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДКСК отвори предмет за новоназначениот началник на Генералштабот на АРМ

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отвори предмет во врска со назначувањето на новиот началник на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Сашко Лафчиски, изјави за „360 степени“ претседателката на Комисијата Татјана Димитровска.

Advertisements

„Имаме отворено предмет и тој е распореден кај член. Стигната е претставка и отпочната е постапка за обезбедување на документи за проверка на наводите“, ни изјави Димитровска.

Имено, само неколку часа откако пред три дена Сашко Лафчиски и официјално стана началник на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Алијанса за Албанците го проблематизираше неговиот избор велејќи дека тој неправедно и незаконски го зазел местото што му припаѓало на Албанец.

Според потпретседателот на партијата Кренар Лога, Лафчиски не ги исполнува потребните услови за оваа позиција, односно бил четири нивоа под стандардите кои се бараат за шеф на Генералштабот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button