Мицкоски: Програмата на ВМРО предвидува распуштање на Судскиот совет, но отворени сме за предлози

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен да ги слушне сите предлози за реформи во правосудството со цел зголемување на неговата доверба кај народот. Како што вели тој, иако во нивната програма е предвидено распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, отворени се да ги слушнат сите идеи и предлози.
„Сѐ уште останувам на ставот дека се потребни реформи во судството. Ние имаме програма и во нашата програма стои дека треба да биде распуштен Судскиот совет, ваков каков што е, партизиран, но и Советот на јавни обвинители. Но, бидејќи се отвори дебата во јавноста, ние сме подготвени, како транспарентна влада, да ги сослушаме сите и ако е потребно да направиме еден мозаик од сето тоа за да ја зголемиме довербата во правосудниот систем“, рече Мицкоски.