30 дена притвор за осомничениот за убиството кај Мавровка

Министерството за внатрешни работи информира дека го решило случајот поврзан со вчерашното убиство во близина на Трговскиот центар Мавровка и покрај тоа што главниот осомничен за убиството се уште е во бегство. Според соопштението на МВР, за убиството на 59-годишниот Васил Ефтимов, од досега уапсените, само кај еден има основани сомневања за вмешаност во кривичното дело, а другиот е ослободен, бидејќи нема доволно докази за неговата поврзаност со случајот.
Осомничениот, според полицијата, е обвинет и за поседување огнено оружје без дозвола.
МВР:
„По преземени мерки и брза реакција на СВР Скопје, специјалните полициски сили, хеликоптер и беспилотни летала, сторителот Е.К. (39) од Скопје е приведен и лишен од слобода“.
За вчерашното убиство, полицијата изврши претреси и рации на повеќе локации, а за тоа беше ангажирана и Единицата за специјални операции.. Во текот на контролите, собрани се доволен број на материјални докази.
Обвинителството во своето соопштение за медиумите, во врска со кривичната пријава, вели дека по извршувањето на убиството, 39-годишниот Е.К., ја украл торбата од сопругата на жртвата и бил уапсен во автомобил „ауди“, без регистарски таблички.
ОЈО:
„На 20 август, со пиштол марка „ГЛОК“ со калибар 9 милиметри, што го поседувал без дозвола, осомничениот на паркинг просторот на улицата Филип Втори Македонски во Скопје, позади ТЦ „Мавровка“, со умисла и од користољубие лишил од живот едно лице, по што од сопругата на жртвата одзел торба со лаптоп и избегал со автомобил „ауди“ без регистарски ознаки. На местото пристигнало и второ возило „цитроен“ со белгиски регистарски ознаки, од кое излегло засега непознато лице и од багажникот на автомобилот на жртвата одзело гајба со рачен алат и исто така се оддалечило. Вториот осомничен го оставил автомобилот „цитроен“ во Гази Баба и се качил во автомобилот „ауди“, по што двете лица продолжиле да се движат, но на улицата Стојна Стефкова биле пресретнати од полициски службеници. Додека другото лице управувало, сега осомничениот излегол од совозачката врата и пукал, обидувајќи се да ги лиши од живот полицајците кои сакале да го запрат. Четворицата полициски службеници во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, па го совладале и привеле осомничениот. Другото лице се дало во бегство и по него се трага. “
И покрај фактот дека случајот е решен и Обвинителството даде детали за динамиката на настанот, мотивот останува нејасен. Се уште не е познато дали крадците имале намера или мислеле дека жртвата може да поседува вредни предмети или накит.
Васил Ефимов бил управител на фирмата Мител Монт, за трговија на големо со материјали за водовод и канализација.
Суад Бајрами