ВЕСТИЗДРАВСТВО

Зголемен број заболени од Ковид-19, надлежните со апел да се почитуваат препораките

Во државава е евидентиран раст на заболени од Ковид-19, а надлежните апелираат да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести. Од 12 до 18 август регистриран е 271 нов случај на коронавирус, според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), што претставува зголемување од 60.4 отсто во однос на претходната недела.

Advertisements

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА рече дека засега, состојбата со Ковид-19 не е алармантна кај нас и нема простор за паника кај граѓаните.

– Треба да се почитува куќниот ред за посета на здравствените установи. Да се вакцинираат сите лица кои имаат над 65 години и хронични болести, тие се со зголемен ризик за да развијат тешка форма на болеста или да има смртен исход. Установите што веќе ќе тестираат пациент кој има лесна симптоматологија, позитивен на Ковид-19, да обезбедат услови за изолација, со цел да продолжи да се третира основното заболување поради што е хоспитализиран на соодветната клиника, нагласи Мехмедовиќ за МИА.

Таму каде има зголемена фреквенција на луѓе, треба да се користат заштитни маски, како и често да се проветруваат просториите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button