
Јанг Бојс го победи Галатасарај со 3-2 и со предност ќе замине на реваншот во Истанбул, во финална битка за влез во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Многу поголеми чекори направија Салцбург и Спарта Прага кои се пред вратите на елитното натпреварување, а Митјиланд пропушти да го совлада Слован Братислава играјќи 1-1. Салцбург славеше против Динамо Киев на гости со 0-2, со головите на Нене и на Кјергард од пенал, а со ист резултат и Спарта Прага го победи Малме исто така на гости.
Јанг Бојс поведе со 2-0 по првиот дел со двата гола на Монтеиро, а потоа Галатасарај возврати со двата гола на Мичи Батшуаи. Сепак, Јанг Бојс славеше вреден триумф со гол од пенал што го реализираше Филип Угриниќ во 86.минута од натпреварот.