ВЕСТИСВЕТ

Од 1 септември построги правила на аеродромите во земјите-членки на ЕУ

Построги правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат во сила од 1 септември на сите аеродроми во Европска Унија, соопшти аеродромот во Франкфурт.

Advertisements

Со новите правила на патниците ќе им биде дозволено да носат течност или гел до 100 милилитри, спакувани во проѕирна пластична кеса со максимален волумен од еден литар.

Лековите и течната храна за бебиња се исклучени од новите правила. Безбедносните правила за течности и гелови првпат беа воведени во 2006 година.

Правилата беа олеснети на некои аеродроми каде што багажот можеше да се провери со помош на скенери.

Но, повторно воведувањето на поригорозни мерки е поради тоа што ЕУ се сомнева во веродостојноста на новите скенери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button