ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судијата Пајазит Пајазити ја оцрни во целост судската фела, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека судијата Пајазит Пајазити ја оцрнил судската фела во целост, а молкот на Судскиот совет, според нив, е само доказ зошто треба да биде реформирано ова правосудно тело.

Advertisements

„Ако институциите во правосудството на целата очигледна незаконитост не го разрешат Пајазити, тогаш сами потврдуваат дека се испостава на ДУИ и Филипче. Пајазити не само што го овозможи бегството на Блерим Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети, кој призна дека земал поткуп, дело за кое е предвиден затвор. Пајазити е судијата кој не определи притвор ниту за бандитите кои упаднаа на скопскиот аеродром“, велат до ВМРО-ДПМНЕ.

Порачаа дека молкот на правосудните институции за случаите во кои е инволвиран судијата Пајазити е само показател зошто треба да бидат реформирани и повикаа на одговорност.

Инаку, судијата на претходна постапка Пајазит Пајазити ја донел одлуката Блерим Рамадани, поранешен припадник на ОВК, кој минатиот месец беше уапсен на македонско-косовската граница врз основа на потерница издадена од Србија преку интерпол, од ефективен да биде префрлен во куќен притвор од кој побегна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button