Мицкоски: Ќе ги замолам советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат програмите во Град Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите кажа дека од позиција на лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замоли советниците во Градот Скопје од редовите на неговата партија да ги поддржат програмите, како што бара градоначалничката Данела Арсовска.
Според Мицкоски, дури и ако програмите се изгласаат, во главниот град нема да се смени ништо.
„Ги слушнав тие пораки дека не се гласале програмите, кочеле овие, кочеле оние. Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замолам советниците кои доаѓаат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш на следната седница да ги изгласаат тие програми, ако е до програмите. Мислам дека добив информација дека на 29 август ќе има седница. Ќе ги замолам тие програми коишто Данела Арсовска вели дека не ѝ се гласаат да ги изгласаме и ќе видите дека ништо нема да се смени. Еве, да знаете дека ништо нема да се смени“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.