ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и топло со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде 8, информираат од УХМР.

Advertisements

Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од 12 до 21 цтепен, а максималните дневни од 28 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 19 до 36 степени.

За време на викендот повторно во земјата ќе има високи температури. Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност ќе имаме и во сабота и во недела во претпладневните часови. Веќе во недела во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температурата ќе се движи од 12 до 21 степени, до максимални 32 до 39 степени во сабота. Во недела минималната температурата ќе се движи од 14 до 23 степени, до максимални 31 до 38 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button