ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
ИЈЗ регистрираше 10 нови случаи на голема кашлица изминатата недела

Десет нови случаи на заболени со голема кашлица регистрираше Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 16 до 22 август.
Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – четири. Два се во Куманово, а по еден во Дебар, Битола, Кичево и Тетово. Две од новопријавените лица се хоспитализирани.
„Возраста на заболените се движи од два месеци до 43 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под една година. Во однос на вакциналниот статус на заболените, шест лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, две се комплетно вакцинирани и две се вакцинирани согласно возраста“ информираше ИЈЗ.