ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности ќе бидат повлечени, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
-Истите ќе бидат повелечени. Има такви многу. Дел од тие нерегуларности коишто се истражуваат се и нерегуларностите во Министерството за надворешни работи, постапувањето на официјалните органи кои биле дел од МНР, како и некои од амбасадорите кои, за жал, морам да кажам имаат груба злоупотреба на средства на граѓаните од Буџетот, изјави премиерот Мицкоски.