„ВРЕДИ“ со кривична пријава против првиот човек на Македонски концепт, Петар Богојевски
„ВРЕДИ“ со кривична пријава против првиот човек на Македонски концепт, Петар Богојевски

Коалицијата „ВРЕДИ“ со кривична пријава до јавното обвинителство против првиот човек на Македонски концепт, Петар Богојевски. Оттаму велат дека Богојески на социјалните мрежи ширел говор на омраза против Албанците, поради што го повикаа обвинителството по допрен глас кривично да го гони Богојески. Потпретседаелката на Алијанса за Албаните, Бујаре Абази, го осуди ваквото однесување, истакнувајќи дека не е време со вакви пораки да се креваат политички рејтинзи.
“Мислам дека веќе не е време за дигање на рејтинзи во таква форма и ова дефинитивно и иде во корист на другата партија ДУИ, која во агендата исто така планира дестабилизација, од таа причина мораме да се фокусираме на нашиот стандард, на нашето здравство, на нашето образование. Граѓаните се уморни, тоа дефинитивно мора да го сфатат сите политичари дека носат одговорност и дека мораме да пружиме резултати во нашето работење, а не да сметаме дека со некои такви изјави некој и ќе не поддржува”, рече Бујаре Абази, потпретседателка на Алијанса за Албанците.
Од друга страна, Богојески најави дека ќе одговори со контратужба. Според неговите зборови тужбата ќе се однесува против наводното противправно користење на албанскиот јазик и знаме во Македонија, како и за, како што обвини, навреди и омаловажување на македонскиот народ.
Затоа денес отвораме предмет за процесуирање на стотици сторители од албанското злосторничко шовинистичко здружување. Тој предмет пред ОЈО ќе биде дополнуван секој ден со секојдневни докази кои ги доживуваме целодневно. Само вчера до МВР се поднесени преку 15 пријави за закани по живот и навреди кон Македонија и македонскиот народ. Крајниот резултат на нашата мисија и реформација ќе биде воспоставување на ред и поредок во земјава, на владеење на правото„, рече Петар Богојески, претседател на Македонски концепт.
Во однос на тоа дека ВРЕДИ и Македонски концепт се коалициски партнери во Владата, Абази рече дека говорот на омраза кој го шири Богојески не треба да се меша во однос на планирање и реализирање на она што им го ветиле на граѓаните, додека Богојески пак рече дека однесувањето на ВРЕДИ имало негативни последици врз партијата Македонски концепт./Алсат.мк
Михаило Донев