ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Влегуваме во жестока битка со криминалот, без ралзлика дали е тој во политиката или на улиците

Мицкоски: Влегуваме во жестока битка со криминалот, без ралзлика дали е тој во политиката или на улиците

За жал рецитивите од минатото и натаму не следат, но ние нема да дозволиме криминалните структури да поминат неказнето, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со синоќашната престрелка во тетовско во која од страна на МВР беше застрелано едно лице. Мицкоски истакна дека оваа власт ќе казнува, посочувајќи неколку примери за тоа како полицијата веднаш реагирала кога имало вакви слични инциденти во периодот од кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

Advertisements

Мицкоски истакна и дека правдата мора да важи за сите и дека борбата против криминалот ќе продолжи.
Изјава тонско премиер Христијан Мицкоски (од 11.36 до 12.39) – Вториот случај оној грозоморен, монструозен чин на убиство кој се случи во центарот на градот кај Мавровка, знаете дека сторителите веднаш резолутно беа приведени, веднаш, сите кои учествуваа во тој грозоморен чин беа приведени, заклучно со случувањата вчера во тетовско, кадешто лице коешто е барано по потерница за сторени многу криминални дела меѓу кое и убиство, пружа отпор на припадниците на МВР, има престрелка и во таа престрелка е погоден и при транспортот во болница им подлегнува на раните. Така што правдата важи за секого и правдата мора да ја има на целата територија и тоа треба сите да го знаат дека ние влегуваме во жестока битка со криминалот насекаде, без разлика дали е тој на политиката, дали е на улиците, ние мораме да ја ослободиме Македонија од криминалот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button