ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кузеска: Рамадани е ослободен од лица во МВР, ОЈО да лоцира одговорност

Опозициската СДСМ денеска повторно обвинува дека луѓе од МВР се вклучени во бегството на Блерим Рамади, за кое тврдат дека било организирано од страна на високи функционери во полицијата, но и други институции. Оттаму одново побараа Обвинителството да не молчи и веднаш да отвори истрага, нагласувајќи дека ОЈО треба веднаш да ги објави снимките од граничниот премин Блаце за да се види како Рамадани побегнал во Косово.

Advertisements

„Доколку не се спроведе целосна, темелна и независна истрага, ќе биде јасно дека и власта и обвинителството решиле да го штитат МВР и Тошковски од одговорност, да ги штитат сите останати инволвирани во овој случај, сосе нарачателите и наредбодавачите. Министерот Тошковски треба да поднесе оставка и да ги разреши сите кои тој ги поставил на границата со Косово, почнувајќи од Наим Рамука. Само така ќе има услови за независна истрага без притисоци. Бараме декласификација и објавување на снимките од граничниот премин Блаце, веднаш. Нека видат граѓаните која е вистината, кој е шериф на границата. ОЈО и истражните органи, многу лесно може да ги проверат преку камерите и преку граничниот систем за контрола на патници„, рече Богданка Кузеска, портпарол на СДСM.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button