ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Демократското движење на Изет Меџити го одбележа првиот роденден

Демократското движење на Изет Меџити го одбележа првиот роденден

Демократското движење на Изет Меџити го одбележа првиот роденден. Меџити рече дека е докажано дека сме повеќе од партија – ние сме движење што го скрши стравот и всади вистинска надеж за промени.

Advertisements

“Денес, една година подоцна благодарение на единството на опозицијата и отпорот на обидите за поделби, се случи политичката ротација и со неа се врати надежта и довербата, дека и во малите земји, какви што сме ние, демократијата може да има смисла.
Почитувани гости, денес Северна Македонија има нова влада и тоа стана возможно благодарение на поддршката што ја дадовте преку вашиот глас на Коалицијата ВЛЕН. Само 2 месеци од формирањето на владата, промените почнаа и повеќе од јасно е дека старата постава која беше комотна на власт, како да е наследство од предците тоа им пречи, им пречи затоа што нема да има амнестија за политичката корупција, им пречи затоа што ќе има одговорност за соживот на криминалот со политиката. Им пречи затоа што ќе има непристрасна истрага за секој голем инфраструктурен проект, за кој се платени огромни провизии, им пречи затоа што коцкарската империја почна да се распаѓа, им пречи затоа што ќе се демаскира измамата на народот направена 20 години, години правејќи лажни решенија, вработување без решенија, закони без спроведување, клинички мртви институции. Еве сме денес посилни од кога било и поодлучни од било кога, за да го исполниме ветувањето, кое го презедовме пред гласачите на 8 мај додека оние кои во институциите сè уште спроведуваат наредби и упатства што доаѓаат од Т.Ц Соравија, само сакам да им кажам- почитувајте институциите и не дозволувајте да ви го нарушат интегритетот тие што веќе припаѓаат на минатото”, рече Изет Меџити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button