ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанските тур оператори го нудат Охрид за еднодневна прошетка на странските и домашни туристи

Албанските тур оператори го нудат Охрид за еднодневна прошетка на странските и домашни туристи

Албанските тур оператори го нудат Охрид за еднодневна прошетка на странските и домашни туристи, кои престојуваат на нивното крајбрежје. Ако до пред само две години, странските гости во Охрид одеа до соседна Албанија на еден ден, сега работите се променија и бројни гости кои летуваат најчесто во Драч и околината доаѓаат во Охрид, па градот е преплавен секојдневно од нив.

Advertisements

„Реалноста е таа и сведоци сме дека се соочуваме со таа проблематика. Албанија бележи голем наплив на гости, секоја година имаат се повеќе гости, се повеќе има нови хотели, нови плажи и рестори. Ако имаме до Охрид сега два чартер авиони од Полска, до Албанија има шест чартери од Полска од само еден оператор, а каде се другите тур оператори. Неделно има десет до дванаесет чартери само од Полска. Да не ги набројуваме другите држави“, рече Јаким Маленко-сопственик на туристичка агенција.

Но работите можат да се промена со добра стратегија.

„Сега имаме една нова власт, на државно ниво и туризмот влезе во министерството за култура и треба да се седне со властите и со реалниот сектор во туризмот за да се направи една добра стратегија која ќе биде подржана од Владата и следната година да биде многу подобро. Да не се оди кампањски и стихијно. Кој како ќе се снајде.Да има некои правила на игра и тоа е иднината на Охрид“, додаде Владо Суклоски-туристички работник.

Дополнителен проблем сега е и што бројот на гости кои до Охрид доаѓаат со чартер летови секоја година се намалува вели Маленко. Една од причините за тоа е недоволната искористеност на аеродромот. Затоа бараат од новата Влада, да инвестира во нови авио линии.

„Се укинаа голем број линии. Сите линии се пренасочија од Тирана.Со тоа автоматски бројот на гости нормално е да биде многукратно поголем отколку кај нас. Една од многу важните работи е да се активираат и да се работи на тоа да се вратат сите линии и да се отворат што е можно повеќе линии. Дали преку план и програма, преку субвенционирање или попусти. Има милион начини да се стимулираат авио компаниите да оперираат од Скопје и Охрид“, рече Јаким Маленко- сопственик на туристичка агенцијач.

Поради многу бројните линии до разни дестинации повеќе од сто, аеродромот во Тирана минатата 2023 година го искористиле повеќе од 10000 македонски граѓани./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button