ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Владата е подготвена да разговара со наставниците за зголемување на платите со следниот буџет

Сите заслужуваат повисоки плати, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за барањето на наставниците за повисоки плати од 12% и најавата за евентуални протести. Мицкоски е дециден дека секој кој работисогласно Закон и Устав и се труди заслужува повисока плата.
– Како Влада во рамките на овие два месеца направивме ребаланс на буџетот, со којшто обезбедивме средства за законските усогласувања и тука исто така не треба никој да има дилема. Во зависност од динамиката на консилидирање на буџетот, при формирањето на буџетот за следната година подготвени сме да седнеме, со сите синдикални единици, организации и да разговараме, вели Мицкоски.