ВЕСТИЗДРАВСТВО

Направи сам: Рецепт за цврсти нокти


Секој човек може да се соочи со слаби и кршливи нокти, но тоа не е аларм за тревога. Доколку го направите следниот рецепт дома, ќе го решите проблемот. Само треба да се напомене дека оваа постапка треба да ја повторите повеќе пати за да има ефект.

Тоа значи дека третманот ќе го правите секојдневно или барем преку еден ден во период од 2-3 недели.

Покрај тоа секој ден по 10 минути може да користите и било каков шампон кои содржи морска сол, тоа е неопходна состојка што во составот ги има потребните минерали за зацврстување на ноктите.

Потребни состојки:

– 200 мл топла вода;

– 2 лажици морска сол;

– кора од лимон;

– неколку капки маслиново масло;

Во мал сад ставете сол. Ставете ги прстите во садот и држете ги 10 минути.

Потоа со кората од лимон измасирајте ги ноктите и оставете ги со лимоновиот сок 5 минути. Со оваа постапка се зацврстува плочката на ноктот, а лимонот помага во белеење и го успорува растењето на нервот.

По 5 минути измијте ги рацете со топла вода и на ноктите нанесете маслиново масло за хидратација. Исто така наместо маслиново масло може да користите и крема за нега на раце.

Обидете се да го правите овој третман дисциплинирано секој ден или секој втор, две недели по ред, ќе имате цврсти и здрави нокти кои веќе нема да се кршат.

Ако почувствувате потреба од пауза, во тој случај може да направите еден месец, а потоа да продолжите.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button