ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стружанецот Ергин Борова преплива 21 километар, од Музејот на вода кај Охрид до Струга

Стружанецот Ергин Борова преплива 21 километар, од Музејот на вода кај Охрид до Струга

За седум часа без прекин, стружанецот Ергин Борова, кој живее и работи во Холандија, успеа да преплива 21,5 километар од Охридското Езеро од Музејот на вода кај Охрид до Струга и со тоа да пренесе силна порака за поголема подршка за дневниот центар за деца со посебни потреби, кој благодарение на неговата иницијатива функционира во Струга неколку години. Иако не е профсионален маратонец,неговата желба била посилна од се за да го реализира овој подвиг. Пристинал час и половина пред предвиденото време.

Advertisements

„За еден маратон од 21,5 километри треба многу подготовки и тренинзи. Јас веќе една година сум зафатен со тренинзи. Вчера пливав 21, 5 километар и беше многу голем предизвик за мене.Некаде помеѓу 15 и 18 километар ми беше најтешко. Ми се предаде телото, но ако умот ти оди дека мора да препливаш, тогаш и телото го тера да оди напред“, рече Ергин Борова-хуманист.

Во 2021 година Борова исплива 10 километри, со иницијатива за отварање на ваков центар. Но вели тоа не е доволно.

„Галвната цел на оваа иницијатива сега е да се подигне сензибилитетот кај родителите, да се приклучат повеќе деца во центарот.Треба просториите да се адаптираат на нивните потреби и програмите кои ги имаме треба постојано да се адаптираат.Добро е и темата постојано да се сензибилизира меѓу народот, за да знаат дека го имаме центарот и дека имаме такви деца“, додаде тој.

Борова вели дека е потребна поголема подршка и од институциите и на државно ниво.

„Сега за сега имаме подршка од Општина Струга, која ни дава финансиски средства за одржување на центарот.Но за понатамошен развој на програми, простории ни требаат додатни финансии.За сега средстѕвата доаѓатт од вакви иницијативи кои ги земам јас, мои пријатели, невладинини организации од Холандија.Државните организации за сега не се вклучени, а добро е да се вклучат, бидејки децата имаат поголеми потреби“, рече Ергин Борова-хуманист.

За сега центарот го посетуваат дваесеттина деца, а има потреба за најмалку уште толку. А Ергин вчера во Струга беше пречекан како голем херој и човек, кој сака да помогне на локалната средина, и неговите сограѓани./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button