Многу активности за одбележување на 114 години од раѓањето на Мајка Тереза
Многу активности за одбележување на 114 години од раѓањето на Мајка Тереза

Оваа година се одбележува 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза и 27-годишнината од нејзината смрт. Во четвртото издание на традиционалната културно-научна манифестација „Светлината на Гонџе“ беше промовирано списанието „Светлината на Гонџе“. Претставниците на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Владата, повикаа да се извлече поука од активноста на Св. Тереза, која секогаш ќе служи како мост меѓу различните култури, луѓе и народи.
„Со името и делото на Света Мајка Тереза, ќе бидеме придружувани во бесконечноста, но нашата цел како институт е да учиме од ова здружување, и од неговите човечки каузи за да изградиме што повеќе мостови на комуникација и разбирање. Бидејќи само на овој начин општествата се ослободуваат од прекумерните оптоварувања на националната и религиозната егоцентричност“, рече Скендер Асани, директор на ИДКНА.
Агнеса Гонџа Бојаџиу, позната во целиот свет како Мајка Тереза е родена во Скопје на 26 август 1910 година. Бојаџиу, по завршувањето на средното училиште во Скопје во 1928 година, на 18-годишна возраст, заминува во Ирска. Потоа им се придружила на мисионерите на Црквата и го основа она што во историјата на човештвото ќе се памети како Мисија на Мајка Тереза. Таа стана позната по својата хуманост и помошта за болните и сиромашните во Калкута. Мајка Тереза е наградена со највисоки почести, вклучувајќи ја и Нобеловата награда за мир. Во 2015 година папата Франциск ја почнува процедурата таа да биде прогласена за светица од страна на Римокатоличката црква, а на 4 септември 2016 година, еден ден пред 19-годишнината од нејзината смрт, беше прогласена за Светица./Алсат.мк
Ајнур Бафќари