ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и топло со слаб северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во северозападните планински подрачја, ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 30 до 36 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Advertisements

Во Скопје се очекува времето да биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, поголема попладне и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button