ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Да се преиспита прескокнувањето нивоа на урбанистичко планирање, нов закон до ноември

Дел од општините веќе ги изработуваат проектите за училишта, градинки и катни гаражи, откако стапија во сила неодамнешните измени во Законот за урбанистичко планирање, за кои скратената постапка во законодавниот дом власта ја правда со потребата од поедноставување на  процедурите и користење на средствата што ги определи Владата со ребалансот на Буџетот за поддршка на општинските проекти.

Advertisements

На почетокот на септември треба да биде формирана работна група за нов закон за урбанистичко планирање кој ресорниот министер Александар Николоски го вети пред невладиниот сектор од каде реагираа за скратената постапка за законските измени, но и на нивната содржина. Ресорното Министерство очекува законот да биде изготвен во октомври или ноември годинава. Најавува и конкретни чекори за подготовка на специјални закони со кои ќе се забрани градењето во скопските општини Центар и Карпош, но според дел од експертите, не треба да се случи целосен мораториум туку првенствено да се направи ревизија на сите детални урбанистички планови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button