ВЛЕН ги смета ДУИ и Артан Груби одговорни за инцидентот на натпреварот помеѓу Брера и Шкендија во Струмица
ВЛЕН ги смета ДУИ и Артан Груби одговорни за инцидентот на натпреварот помеѓу Брера и Шкендија во Струмица

ВЛЕН ги смета ДУИ и Артан Груби одговорни за инцидентот од пред два дена на натпреварот помеѓу Брера и Шкендија во Струмица. Додаваат дека со деструктивното однесување ги следат шемите на Александар Вучиќ. Според ВЛЕН, „во напорите за создавање етнички тензии, Артан Груби ја злоупотребил ФФМ на чело со Мухамед Сејдини и дека нивната цел е да избегаат од кривичната одговорност за политичка корупција.
„Наместо да се прават невини, ДУИ веднаш да одговорат: Дали по налог на Артан Груби и Омер Буњаку, на натпреварот меѓу ФК Брера и ФК Шкендија, во Струмица е тестирана шемата на ДУИ за создавање тензии преку инциденти на спортски настани? Дали Мухамед Сејдини, претседател на ФФМ и уапсен во предизборната кампања за купување гласови за ДУИ, свесно и со умисла избрал подобен делегат за овој натпревар, за да побара од полицијата отстранување на навивачи затоа што истакнале Албанско знаме? Дали ДУИ со шемите на Вучиќ во наредниот период планира да предизвика судир меѓу различни навивачки групи и тензии меѓу средношколци и студенти? На што се’ е подготвен Артан “Беливук”?“ ВЛЕН ги смета ДУИ и Артан Груби одговорни за инцидентот на натпреварот помеѓу Брера и Шкендија„ прашуваат од ВЛЕН.
Во оваа насока говореше и премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, кој најави дека во наредниот период ќе има различни провокации.
ВЛЕН и премиерот Мицкоски апелираат до граѓаните да не потпаѓаат на овие провокации. Во меѓувреме, опозициската ДУИ ги обвинува министрите Албанци дека не се способни да ги заштитат Албанците.
„Не сте завршиле ниту една работа, ниту едно ветување не сте исполниле, вие сте најголемите губитници во историјата на нацијата. Целата албанска нација, навивачите, фудбалскиот клуб, медиумите ја знаат вистината, затоа сте патетични и неуки во обидите да се оправдате од фијаското што го предизвикавте“, велат од ДУИ./Алсат.мк
Махир Тачи