Невладини организации и професори од областа на правото во наредниот период ќе вршат мониторинг врз работата на судскиот совет
Невладини организации и професори од областа на правото во наредниот период ќе вршат мониторинг врз работата на судскиот совет

Законот за судски совет треба да претрпи промени, уште повеќе потребно е да се менталитетот на судиите за чесно да се работи, порача претседателката на судскиот совет Весна Дамева. Според неа, потребно е да се лоцира индивидуална одговорност кај член на советот кој го прекршил законот, но потенцира дека со актуелниот закон тоа е невозможно да се спроведе во пракса.
„Колективна одговорност не треба да има, треба да има индивидуална одговорност, но верувајте дека таа индивидуална одговорност, барем во овој момент, не како претседател на судскиот совет, како член сум спречена, затоа што нема во законот доволно основи предвидено и дефинирано постапка за која би можело дали овој член дали некој иден член на судскиот совет да сноси одговорност за одредени негови несовесни, нечесни, противзаконски дејствија и слично„, рече Весна Дамева, претседателка на судски совет.
Токму начинот пак на санкционирањето на судиите од страна на судскиот совет ќе биде под лупа на невладините организации – Тим предводен од професорот Денис Прешова заедно со други професори од областа на правото и членови на невладината „Коалиција сите за правично судење“ ќе вршат евалуација на дисциплинските постапка поведени против судии во периодот од 2019 до 2023 година. Предмет на проверка ќе бидат 20 предмети, а мониторинг ќе се врши и во самата работа на советот.
„ Преку евалуацијата и истражувањето кое ќе биде спроведено ќе се овозможи да се види кои се добрите практики што судскиот совет ги има во рамки на постапување и спроведување на овие дисциплински постапки, меѓутоа ќе можеме да видиме кои се недостатоците и дали имаме потреба од измена на законот за судскиот совет или од постапувањето во праксата на судскиот совет„, рече Ивана Петковска Петковска, програмски координатор во Коалиција „Сите за правично судење“.
Дисциплинските постапки против судиите судскиот совет ги води зад затворени врати, а со овој проект, преку кој оние кои ќе го вршат надзорот ќе добијат можност детално да ги разгледаат предметите, според доцентот на правниот факултет Денис Прешова, ќе се зголеми транспарентноста и јавноста ќе може да добие поблизок увид за тоа зошто одреден судија бил разрешен.
„ Кај дисциплинската постапка ја имаме таа тајност на постапката, која се смета дека во контиунитет и таа која ќе заврши дека е тајна и некако како да се бегаше од постапување, односно од разгледување на овие предмети кои се одвиваа пред судскиот совет иако тие предизвикуваа сериозни полемики и контроверзи во јавноста. И токму инспирирани од тоа сакавме да навлеземе малку подлабоко да видиме каде е јазот„, рече Денис Прешова, доцент на правниот факултет „Јустинијан Први“.
Сето она што овој тим ќе го детектира како слабост во работата на судскиот совет и постапувањето во дисциплински постапки ќе биде презентирано во март следната година кога ќе се излезе и со препораки за подобрување на работата на советот. Ова истражување пак доаѓа во време кога власта бара сериозни реформи односно дури и распуштање на судскиот совет, а неодамна во Влада беше одржана и средба помеѓу претседателката Дамева и премиерот Христијан Мицкоски.
По средбата, беше заклучено дека во наредниот период Владата ќе прима предлози од засегнати страни за тоа како советот ќе работи во иднина, со што станува неизбежно дека во наредниот период самиот судски совет ќе претрпи значителни реформи./Алсат.мк
Михаило Донев