ВЕСТИ

Петков по успешно завршениот подвиг во Охридско Езеро: Нема невозможни работи, треба човек само да верува

Петков по успешно завршениот подвиг во Охридско Езеро: Нема невозможни работи, треба човек само да верува

Во многу сложени услови, врзан со лисици, ланци и катинари, потопен на езерското дно на Охридското езеро, во близина на градското пристаниште во Охрид, 70 годишниот Јане Петков од Бугарија, успеа да се ослободи и излезе на површината на водата, по примерот на светски познатиот илузионист Harry Houdini. Пред секој негов подвиг, тој користи невообичаени техники на медијација и дишење.Вели дека не застува овде, туку додека го држи телото ќе продолжи да изненадува со нов подвизи.

Advertisements

„Одлично се чуствувам.Малку ми беше студено, но сепак се се заврши успешно.Посебно ќе нагласам дека позитивната мисла и енергија кои ги имам ми помагаат мирно и добро да ги завршам сите предизвици. Секогаш пред мене си пооставувам нови и уште потешки предизвици.Но тие не се тешки, ако човек има доволно познавања, како истите да ги направи. Нема невозможни работи, се може да се постигне, само човек треба да верува во тоа. Тајната на виталноста и успехот е хармонија на трите основни енергии, на чувствата, умот и водата“, рече Јане Петков-човек Амфибија.

Ова беше втор настан кој Црвен крст Охрид го организира со Јане Петков. Првиот, спортско-медицински настан за Гинисов рекорд, беше организиран во септември 2013 година, кога Јане Петков преплива растојание поголемо од 2 километри во Охридското езеро, целосно врзан во вреќа. На почетокот на 1990-тите, тој постави уникатен рекорд за пливање 2.100 метри под вода за нешто повеќе од еден час, земајќи здив секој пат кога ќе го допре ѕидот. Оттука и неговото име „Човек амфибија“. Има и рекорди за препливување на реката Дунав врзан во вреќа, подобрување на рекордот на Индиецот Гопал-Карли во Охридското Езеро во 2017 година./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button